Најновата мода во измамите: крипто-пирамиди

Откако постојат пари, постојат и измами со пари – а откако има крипто-пари, злобниот гениј на човекот не спие – постои и измама со крипто-пари. Најновата мода во оваа реалност се „пирамидите“.

Измамата со криптовалути е најголемиот вид криптовалутен криминал во однос на обемот на трансакции: во 2021 година жртви по светот се оштетени со повеќе од 7,7 милијарди долари, според Crypto Crime Report 2022. Тоа е зголемување од 81 % во споредба со 2020-та – година во која измамничката активност значително се намали во однос на 2019 година.

Друга промена што придонесе за зголемување на приходите од измами во 2021 година е појавата на „пирамиди“. Ова е релативно нов вид на измама за сајбер-светот, особено честа појава во екосистемот на централизираните финансии. Вообичаено, развивачите на проект за криптовалути – обично нов токен – неочекувано го напуштаат, повлекувајќи ги средствата инвестирани од раните корисници.

Како голем облик на сајбер-криминал, поврзан со криптовалути и насочен главно кон нови корисници, овој тип на измама се смета за една од најголемите закани за континуираната пенетрација на криптовалутите.

Според Извештајот за крипто-криминал за 2022 година, пирамидите сочинуваат 37% од сите приходи од измами со криптовалути во 2021 година. Само една година претходно, таквите шеми речиси и да не постоеја: приходите од крипто-пирамидите беа само 1% во 2020 година. Како вредност оваа година, крипто-пирамидите се 2,8 милијарди долари, „ископани“ од жртвите,

Шемата можеби е нова во светот на криптовалутите, но воопшто не е непозната во областа на измамите. Ова се обично случаи кога програмерите градат „нов проект“ со легитимен изглед за криптовалути. Но кога доверливите инвеститори се акумулираат да ги вложат своите пари во „новиот проект“, лукавите иницијатори одеднаш исчезнуваат. Во светот што зборува англиски, овој вид на измама е познат како „влечење на тепихот“.

Пирамидите во крипто-светот се потпираат на наивноста на инвеститорите. Луѓето купуваат криптовалути со надеж дека токенот ќе се зголеми во вредност, како резултат на што ќе можат да ги продадат своите средства и да остварат профит. Наместо тоа, сепак, програмерите на крајот ги трошат средствата од „ликвидниот базен“ (Базен за ликвидност е базен на криптовалути или токени, заклучени во паметен договор што се користи за олеснување на тргувањето помеѓу средствата на децентрализирана берза (DEX) .), вредноста на токенот паѓа на нула, а иницијаторите на „проектот“ исчезнуваат.

Шемата е распространета во DeFi, бидејќи со вистинското техничко знаење е евтино и лесно да се создадат нови токени во блокчејнот на Ethereum или други – и да се регистрирате на децентрализирани берзи.

Сепак, не сите „пирамиди“ започнуваат како DeFi проекти. Всушност, најголемата измама од ваков вид годинава беше Thodex, турската централизирана берза, чиј извршен директор потона „длабоко во Земјата“ набргу откако берзата ги спречи потрошувачите да повлекуваат средства.

Така се стигнува до ситуација кога потрошувачите изгубиле криптовалути вредни повеќе од 2 милијарди долари, што е речиси 90% од вкупната вредност украдена преку пирамидите. Сепак, сите други крипто-пирамиди се појавуваат во областа на децентрализираните финансии.

AnubisDAO е втората најголема криптопирамида во 2021 година со украдени криптовалути во вредност од повеќе од 58 милиони долари и е „модел“, така да се каже, пример за тоа како функционира „пирамидата“ во светот на криптовалутите. AnubisDAO започна на 28 октомври 2021 година, наведувајќи дека планира да обезбеди децентрализирана, слободно променлива валута, поддржана од сет од средства. Има лого инспирирано од DOGE. Проектот нема веб-страница или каква било презентација, а сите негови развивачи се под псевдоними.

Во таква реалност, AnubisDAO собира речиси 60 милиони долари од инвеститори – практично за еден ден. Сите добиваат токен на проектот ANKH во замена за финансирање. 20 часа подоцна, сите собрани средства, главно чувани во Ethereum (wETH), исчезнаа од „ликвидниот базен“ на AnubisDAO, преместувајќи се на серија нови адреси. Тогаш авторот на шемата успева брзо и доволно лукаво да маневрира за да „потоне“.

Случаите како што е AnubisDAO треба да послужат како предупредувачка сирена за инвеститорите кои ги проценуваат можностите за инвестирање во крипто-пари. Најважниот заклучок е да се избегнат нови токени кои не поминале ревизија на кодот. Ревизиите на кодот јавно потврдуваат дека правилата за управување се „железни“ и не дозволуваат механизми кои би им овозможиле на програмерите да „испаруваат“ со средствата на инвеститорите.