Archer веќе некое време произведува електрични летечки возила, а најновиот тест го става новиот модел во прв план.
Авионите со можност за вертикално полетување и слетување се иднината на сообраќајот во урбани услови, па компаниите се натпреваруваат да понудат подобар модел.
Archer пред неколку месеци за прв пат го претстави својот модел, а се работи за летечко возило Maker со пет седишта.
Ова е само првиот чекор кон систем кој би ги обединил ваквите летала и би овозможил полесно движење во пренатрупани средини.
A wraparound look at Archer’s eVTOL called Maker that was revealed in LA pic.twitter.com/B3epUEPVuQ
— Brittany Levine Beckman (@brittanylevine) June 11, 2021
Летечкото такси беше тестирано во Калифорнија и во таа прилика можеше да се види дека хардверот и софтверот добро функционираат.
Се очекува такси-возилата да станат активни веќе во 2024 година, во Лос Анџелес и Мајами.