Фолксваген очекува раст на производството од 43 отстo во 2022 година

Германскиот производител на автомобили Фолксваген очекува да произведе 43 отсто повеќе возила во својата главна фабрика во Волфсбург во 2022 година. Според Ројтерс, тоа е значително подобрување во однос на оваа година.

Потсетуваме дека главниот проблем што ја погоди автомобилската индустрија во 2021 година, како и многу други гранки, се однесува на недостигот од полупроводници и нарушувања во синџирите на снабдување.

Германскиот гигант очекува 400.000 автомобили произведени во Волфсбург оваа година, иако првичната цел беше еден милион примероци.