Берлин затвора половина нуклеарни централи, струјата за испорака ќе се зголеми до пет пати следната година

Германија има намера да затвори речиси половина од својот нуклеарен капацитет пред крајот на годината, што дополнително ќе ги оптовари европските мрежи кои веќе беа погодени од една од најтешките енергетски кризи во историјата на континентот.

Со затворањето на Grohnde, Gundremmingen C и Brokdorf, што е уште една фаза од укинувањето на нуклеарната програма во Германија, ќе останат само три нуклеарни централи, кои ќе бидат затворени до крајот на 2022 година.

Покрај притисоците во снабдувањето, затворањето го отстранува клучниот извор на енергија со ниска содржина на јаглерод во земја со зголемени емисии на стакленички гасови, пишува Bloomberg.

По катастрофата во Фукушима во 2011 година, Германија вети дека ќе ги затвори сите свои реактори. Во тоа време, земјата беше лидер во обновливите извори на енергија, но со постепеното укинување на нејзината нуклеарна програма, таа се повеќе се потпира на јаглен и лигнит за производство на електрична енергија.

Нуклеарните централи се дизајнирани да произведуваат енергија 24 часа на ден, обезбедувајќи вредна поддршка кога не дува ветер или нема сонце. Иако исклучувањата се познати со години и веројатно нема да предизвикаат нов скок на цените, отстранувањето на четири гигавати од основното производство укажува на пад на капацитетот во Германија. Тоа е една од причините зошто догодина цените ќе бидат повисоки – струјата за испорака во 2022 година годинава е зголемена повеќе од пет пати.

Фото: Pixabay