Падна цената на гасот во Европа

Цената на гасот во Европа падна под 1.100 долари за 1.000 кубни метри во утринското тргување, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Цената на фјучерсите на гас за испорака во јануари падна денеска на отворањето на тргувањето на ТТФ пазарот во Холандија на 1.064 долари за 1.000 кубни метри, или 90.915 евра за MWh, според актуелниот курс на еврото во однос на доларот, пренесува Тасс.

Руската агенција потсетува дека цената на овој енергенс во Европа на 21 декември скокнала неколку пати по ред, прво надминувајќи го нивото од 1.800, а потоа 1.900 долари за 1.000 кубни метри, а потоа соборувајќи го рекордот на сите времиња со надминување на психолошка граница од 2.000 долари. На затворањето на тргувањето на 21 декември, цената надмина 2.100 долари и се приближи до износот од 2.200 долари – трговскиот ден го заокружи на ниво од 2.190,4 долари за илјада кубни метри, или 187,47 евра за MWh.