Голема побарувачка за мајстори за одржување на ветерници

Во светската ндустрија на ветерна енергија работат 1,3 милиони луѓе, а во иднина ќе бидат потребни пет пати повеќе работници, бидејќи расте бројот на ветерници кои помагаат да се премине на обновливи извори на енергија, пишува Дојче веле.

600.000 луѓе работат на планирање на ветерни електрани и изградба на постројки, уште 440.000 се ангажирани за производство на турбини, лопати и делови за столбови, а околу 220.000 за одржување.

Сопственикот на компанијата „Дојче виндтехник“ во Германија, Тим Шмоловски има повеќе од две илјади вработени, но неговата компанија мора да ги искористи скалите за да стигне до врвот на ветерницата, на висина од околу шеесетина метри.

Повеќето нови системи имаат лифтови кои се високи до 100 метри, што го олеснува пристапот до центарот на ветерната турбина и генераторот. Ова бара стручно знаење.

„Многу механика се вградени во постарите системи. Во современите системи сè повеќе исчезнува, се заменува со електроника“, вели Шмоловски за Дојче веле. Приоритет во секојдневното работење имаат тековните дефекти, проследени со планирани прегледи и замена на дотраените делови.

Шмоловски и неговите колеги добиваат информации за дефекти на ветерници од контролниот центар, кој се наоѓа на 400 километри северно од Еркеленц, во малото гратче Остенфелд на границата со Данска. Бројни вработени во тој центар ја контролираат работата на повеќе од 6.000 ветерници на копно и на море низ Европа, како и во САД и Тајван. Речиси сите големи ветерници денес се поврзани со тој центар преку оптички кабли или модеми.

Во случај на дефект, на мониторите во контролниот центар се појавува аларм. Според Меѓународната агенција за обновлива енергија, Азија има најголем број вработени во индустријата за енергија од ветер, првенствено Кина (550.000) и Индија (400.000). Во Европа, индустријата вработува 340.000 луѓе, најмногу во Германија, Обединетото Кралство, Данска и Холандија.

Се зголемува бројот на работни места во Северна и Јужна Америка. Во моментов има 120.000 во САД, 40.000 во Бразил и 20.000 во Мексико. Во африканските земји енергијата на ветерот не е секаде исплатлива, но и во оваа гранка има околу 40.000 вработени.

Проширувањето на енергијата на ветерот ќе отвори многу нови работни места за планирање, изградба и одржување на централата во наредните години.

До 2050 година ќе се зголеми бројот на ветерници и тоа би значело отоврање на околу 6,5 милиони работни места, од кои два милиони за одржување и поправка, пишува Дојче веле.