Приходите и профитот на Apple во третиот квартал ги надминаа очекувањата

„Apple“ објави приходи повисоки од очекуваните во тримесечниот период што заврши на 26 септември, потпомогнати од рекордната продажба на iPhone.

Сепак, акциите паднаа за околу три проценти откако заврши редовното тргување во понеделник, бидејќи инвеститорите ги проценија силните деловни резултати наспроти притисокот врз маржите на профит.

Приходите во третиот квартал се зголемија за 12 проценти, на 114,5 милијарди долари, според „Еуроњуз“.

Компанијата со седиште во Купертино, Калифорнија, оствари профит од 30,71 милијарди долари, или 2,10 долари по акција, во периодот јули-септември. Ова е зголемување од 12 проценти во споредба со остварените 27,47 милијарди долари, колку што изнесуваше профитот во истиот период претходната година.

Аналитичарите во просек очекуваа заработка од 1,99 долари по акција и приход од 113,4 милијарди долари, според анкетата на „ФактСет“. И двата индикатори ги надминаа нивните очекувања.

Дел од зголемувањето на профитот е остварено благодарение на враќањето на средствата платени на име царински давачки, што ја зголеми бруто-маржата на профит на компанијата за приближно еден процентен поен, на 47,9 проценти.

Тромесечниот период ги опфаќа само првите денови од продажбата на премиум моделот iPhone 18 Pro. Новиот преклопен телефон на Apple, iPhone Duo, се појави во продажба во тековниот квартал, па затоа неговата продажба не е вклучена во овие оперативни резултати.