Малопродажниот синџир „Tommy“, 19-та по големина хрватска компанија во однос на приходите и шести по големина трговец на мало во земјата, како и неприкосновен лидер во Далмација – се соочува со потенцијално преземање, дознава tportal.
Според неофицијални информации потврдени од повеќе извори, преговорите интензивно се водат последните недели, а најверојатен купувач е британскиот фонд CVC Capital Partners – чие портфолио опфаќа 73 компании ширум светот и се проценува на над 75 милијарди долари. Меѓу другите, овој фонд пред неколку години го презеде полскиот малопродажен синџир Zabka, еден од најголемите во земјата.
Денес, сплитски „Tommy“ има околу 3,6 милијарди куни годишен приход, 4.700 вработени и 250.000 клиенти дневно, а неговата EBITDA (добивка пред камати, даноци и амортизација) е повеќе од 250 милиони куни годишно (1 евро = 7,5 куни).











