Кина целосно го дигитализира својот производствен сектор до 2035 година

Кина ќе продолжи да го дигитализира својот производствен сектор и да го подобрува развојот на секторот за роботика, така што до 2025 година повеќето производствени компании со годишен обрт од над 3,14 милиони долари ќе бидат дигитализирани, соопшти Министерството за индустрија и информатичка технологија (МИИТ). 

Во исто време, дотогаш водечките компании во клучните индустрии ќе бидат во раните фази на примена на вештачка интелигенција, според Планот за развој на паметно производство за 14-тиот петгодишен план на Кина (2021-2025), објавен од осум кинески министерства, вклучувајќи го и МИИТ.

Се очекува дека до 2035 година, големите производствени компании во Кина да бидат целосно дигитализирани, а водечките компании во клучните индустрии во основа ќе станат интелигентни, пренесува Меѓународното кинеско радио.