Само илјада гледачи на новогодишниот концерт во Виена

Бројот на луѓе на кои им е дозволено да присуствуваат на традиционалниот новогодишен концерт во Виена е ограничен на илјада за да се спречи ширењето на омикрон, новата варијанта на коронавирусот.

Тоа значи дека 700 лица со купени билети нема да можат да влезат во салата Музикфераин. Но, Виенската филхармонија соопшти дека тие ќе имаат резервирани места за следниот новогодишен концерт на 1. јануари 2023 година.

Според новите рестриктивни мерки кои австриската Влада ги воведе за да се спречи ширењето на омикрон, учесниците на сите настани на кои присуствуваат повеќе од илјада луѓе мора да бидат вакцинирани со бустер доза и да имаат негативен ПЦР тест.

Oрганизаторите на новогодишниот концерт решија да го намалат бројот на гледачи во салата за да може да присуствуваат љубителите на музиката кои не биле вакцинирани со третата доза, што е дозволено за настани со помалку од илјада учесници.

На концертот по трет пат, по 2009 и 2014 година, ќе диригира аргентинско-израелскиот диригент Даниел Баренбоим. Виенските валцери, полки и маршеви ќе се емитуваат во повеќе од 90 земји.