Пратениците во Собранието на Црна Гора вчера усвоија сет закони со кои се овозможува зголемување на минималната плата од 250 на 450 евра од 1 јануари 2022 година.
Се укинуваат придонесите за здравство, се воведува неодданочен дел на бруто платите до 700 евра, како и зголемување на даночната стапка на платите над 1.000 евра од девет на 15 отсто.
За законите гласаше и дел од опозицијата, тие беа донесени со 50 гласа, иако власта има вкупно 41 пратеник. Промените на збирот закони се дел од програмата наречена „Европа сега”.











