Германскиот регулатор BaFin во средата ја казни Дојче банк со 8,66 милиони евра поради пропусните механизми за контрола и спречување манипулации во пресметките на каматните стапки.
Дојче банк даваше податоци кои се користат за пресметување на референтната каматна стапка на Еурибор, и беше казнет затоа што нејзините системи за превенција, контролните механизми и стратегии одвреме-навреме не функционираа добро, соопшти германскиот финансиски регулатор.
Euribor се користи како основа за банкарски трансакции вредни илјадници милијарди евра и влијае на финансиските производи кои се движат од различни видови заеми до сложени финансиски деривати.
Пред неколку години беше откриено дека вработените во неколку големи светски банки, меѓу кои и Дојче банк, со години манипулирале со податоците користени при пресметувањето на овие референтни каматни стапки за да ја зголемат заработката. Од почетокот на 2018 година банките кои доставуваат податоци за пресметка на Еурибор се законски обврзани да спречат евентуални манипулации и да гарантираат за точноста на податоците. Според банкарските супервизори, Дојче банк не ги исполнила овие обврски во неколку наврати за време на ревизиите во 2019 и 2020 година.











