Компанијата Virgin Pulse на британскиот милијардер Ричард Бренсон, која досега инвестираше околу 20 милиони евра и вработи 530 работници во Тузла, ја отвори својата втора канцеларија во Босна и Херцеговина.
Втората канцеларија што се отвори е во Сараево. Во моментов тоа е една од водечките компании во БиХ во ИТ индустријата.
Во 2018 година, Virgin Puls ја презеде тузланската компанија „Pixel Interactive“, во која тогаш беа вработени околу 100 млади и образовани луѓе. Компанијата, која оттогаш се нарекува Virgin Pulse Bosnia, постојано се шири.











