Лани во периодот јануари-ноември извезени стоки во вредност од 6,3 милијарди евра

68
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 390 084 637 илјади денари и бележи пораст од 20.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 535 648 203 илјади денари, што е за 27.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 145 563 566 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 72.8 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките
производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Во периодот јануари-ноември 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 6. 329. 888 илјади евра, и бележи пораст од 21.0 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8. 691. 826 илјади евра, што е за 27.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 2. 361. 938 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 7. 518. 231 илјада САД долари и бележи пораст од 25.9 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 .319. 711 илјади САД долари, што е за 33.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември
2021 година, изнесува 2. 801. 480 илјади САД долари.