Instagram тестира нова опција за „story“ (ВИДЕО)

97

На почетокот на минатата година од Instagram потврдија дека работат на нов дизајн на „story“ во кој лизгањето повеќе нема да биде само хоризонтално, туку и вертикално. Така, ќе можете да се префрлите на нови приказни со повлекување со прстот надолу или нагоре по екранот.

Додека досега оваа можност само се споменуваше, Instagram неодамна започна со првите тестови. Според Мет Навара, познат консултант за социјални мрежи, со надградбата на апликацијата, нова функција станала достапна за корисниците во Турција, а на интернет можеме да прочитаме дека Instagram започна со тестирање и во Бразил.

Деталите за тестирањето не се познати, па не знаеме дали опцијата за вертикално лизгање ќе биде достапна за корисниците на другите пазари.

Исто така, не е познато дали Instagram навистина ќе ја имплементира оваа опција во својата социјална мрежа, но како што истакнуваат на технолошките портали, не е тешко да се заклучи дека станува збор за слична опција на TikTok, кој стана нивен најголем конкурент во светот на социјалните мрежи и дека не сме далеку од денот кога „приказните“ ќе се лизгаат вертикално.

Како што покажаа досегашните тестови, Instagram story ќе ја задржат можноста да се префрлат на нова приказна со допирање на прстот лево или десно на екранот и ќе се користат за промена на приказната на истиот корисник, додека вертикално се префрлаат на приказните на другите корисници .

Исто така, со цел да се бори што поуспешно со TikTok за наклоност на корисниците, Instagram става сè поголем фокус на видео содржините во рамките на „story“ и тестира видео објави кои траат до 60 секунди.