Деловната мрежа LinedIn наскоро ќе воведе нова аудио функција, која ќе биде дел од пошироката платформа за настани на Linkedin. Целта на функцијата е да им даде можност на корисниците да го комплетираат својот деловен профил. Аудио функцијата ќе дебитира во бета верзија.
Мрежата LinkedIn, која е во сопственост на Microsoft, моментално спроведува тестови за воведување на пробен период за новата аудио функција. Новата функција треба да овозможи аудио учество на корисниците во разговори, семинари, конференции и слично. На настаните учесниците ќе можат да коментираат, да се приклучат во живо на сцената и на самиот крај да разговараат со луѓе кои им се интересни.
Платформата за виртуелни настани на LinkedIn ќе се обиде да го надополни недостатокот на „офлајн“ настани, но и да го комплетира корисничкото искуство. Платформата поддржува конференции, семинари, тркалезни маси и слични формати на настани. Видео форматот се очекува на пролет. Останува да видиме како ќе изгледа оваа функција и колку ќе биде навистина корисна.