Телефони кои најмногу зрачат – кој е прв на листата?

Bundesamt für Strahlenschutz, германската федерална канцеларија за заштита од радијација, објави листа на паметни телефони кои најмногу зрачат.

Во денешно време сите секојдневно ги користиме мобилните телефони и тие ни се на дофат на рака 24 часа на ден.

Бидејќи многу често користиме мобилен телефон и тој секогаш ни е блиску, прашање е дали истиот штети, а Infographic Show ни го носи одговорот според информациите од Bundesamt für Strahlenschutz.

Моментално, телефонот кој убедливо најмногу зрачи е Motorola Edge.

Некогаш iPhone беше на врвот на листата, но Apple го промени тоа и сега овој телефон не е ни во топ 10.