Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика денеска турските граѓани и компании да ги претворат своите девизни заштеди во лири.
Со овој потег официјална Анкара се обидува да ја зголеми побарувачката на локалната валута.
Турската валута во декември беше на историски најниско ниво со курс од 18,4 лири за долар, а потоа закрепна под влијание на владините мерки.
Лирата изгуби 44 отсто од својата вредност минатата година и беше најслабата валута меѓу пазарите во развој.