На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела, петти пат по ред, на средината на неделата достигнаа највисоко ниво во последните повеќе од седум години, но на крајот на неделата паднаа под тие нивоа.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 2,1 отсто, на 87,89 долари, додека на барелот на американскиот пазар за 1,6 отсто, на 85,14 долари.
Стравувањата од недоволно снабдување се поттикнати и од геополитичките тензии меѓу Русија и Западот поради Украина и нападите на јеменските Хуту врз Обединетите Арапски Емирати.
Русија е втор најголем производител на нафта во светот, а ОАЕ трет во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).
„ОПЕК + не успева да ги исполни производните квоти и ако геополитичките тензии продолжат да ескалираат, нема да биде потребен голем притисок цената на барелот во Лондон да достигне 100 долари“, напиша Едвард Моја од ОАНДА.
Претставници на ОПЕК изјавија за Ројтерс дека цената на нафтата може да се зголеми во текот на следните неколку месеци поради закрепнувањето на побарувачката и ограничениот капацитет на ОПЕК + и може да надмине 100 долари за барел.











