Словенија ја укина обврската за издавање сметки

Во Словенија стапи на сила измената на Законот за данокот на додадена вредност, која меѓу другото носи и укинување на доставата на хартиените фактури. Продавачите на стоки и услуги ќе му дадат фактура на купувачот само по експлицитно барање.

Досега давателите на стоки и услуги мораа да издаваат фактури на своите клиенти во хартиена или електронска форма, доколку клиентот се согласил. Отсега тоа повеќе не е потребно, даночниот обврзникќе ја достави фактурата до купувачот во хартиена форма само по негово барање, според измената на законот.

Тоа не значи дека фактурата не мора да се издава.

„Даночниот обврзник и понатуму ќе треба да издаде фактура и таа ќе се регистрира, но нема да биде предадена“, изјави министерот за финансии Андреј Сирцељ во ноември.

Така, продавачот му кажува на купувачот за износот што треба да го плати, издадената фактура е даночно заверена, но не му ја дава на купувачот во хартиена форма.

Што се однесува до потрошувачите, тие се загрижени за новостите, особено од аспект на заштита на потрошувачите, бидејќи законската регулатива не го регулира прашањето што ќе се случи доколку потрошувачот не побара сметка, објаснува Матјаж Јакин.

„ Дали продавачот треба да го праша потрошувачот или да ја предаде сметката на друг начин? Кога потрошувачите имаат сметка, многу е полесно да ја користат нивната сметка,права, како што е гаранцијата, Всушност, тешко е потрошувачот без сметка да докаже што каде купил и која е цената“, изјави Јакин за Радио Словенија.

Истовремено со стапувањето во сила на овие измени, не важат веќе одредбите од Законот за даночно потврдување на фактурите, со кој се утврдува  парична глобата за купувачот на стоката, односно примателот на услугата кој нема да ја преземе и чува фактурата веднаш по напуштањето на деловни простории.