Google го лансира Pixel 6a заедно со паметен часовник

48

Според Макс Џамбор, Google планира да го лансира Pixel 6a заедно со новиот Pixel Watch, што треба да се случи во мај. Покрај овој модел, планирано е лансирање и на Pixel 4a, но настанот е одложен за август.

На 26 мај, Google ќе го претстави Pixel Watch на Google I/O конференцијата. Со оглед на најавата за претставување на моделот на телефонот Pixel 6a, се претпоставува дека ова е истиот настан кога ќе биде претставен и новиот паметен часовник. Pixel 6a ќе има Google Tensor, SoC кој го имаат и Pixel 6 и Pixel 6 Pro.

Засега, исто така, се претпоставува дека новиот модел ќе го користи дизајнерскиот јазик на серијата Pixel 6, а не јазикот на Pixel 4 или 5 серијата. Ќе има широко куќиште на задна камера, кое ќе штити 2 објективи и LED блиц. Се вели дека Google планирал мешавина од камери од сериите Pixel 5 и Pixel 6 за овој модел.

Останува да се види дали се точни гласините за времето на лансирање.