Јапонскиот Panasonic ќе започне со производство на нова литиум-јонска батерија за Tesla веќе во 2023 година, во која планира да инвестира околу 80 милијарди јени (705 милиони долари) во фабрики во Јапонија, објави во понеделник јапонскиот бизнис портал Nikkei.
Батериите кои се полнат би можеле да помогнат електричните возила (ЕВ) да бидат попривлечни за возачите со зголемување на опсегот на возење за околу една петтина, пишува Nikkei.
Panasonicк претходно ја претстави батеријата 4680 (широка 46 милиметри и висока 80 милиметри). Се очекува ова да му помогне на американскиот производител на електрични возила да ги намали трошоците за производство.











