Американскиот бизнисмен и мултимилијардер, Џеф Безос, вложил огромна сума на пари во компанија која се занимава со пронаоѓање начини да се „продолжи човековиот живот“.
Компанијата „Altos labs“ објавила дека собрале три милијарди долари и дека се подготвени да ги започнат нивните истражувања.
Коосновачите јавно ја започнале иницијативата за истражување на стареењето со име „Altos lab“, со три милијарди долари почетно финансирање од спонзорите, а меѓу нив и основачот на „Amazon“, Џеф Безос.
Стартап компанијата „Alto labs“ службено била основана минатата седмица, а на чело на компанијата е Хал Барон, поранешен главен научен директор во GSK, фирмата која се занимава со иновативни лекови, вакцини и здравствена заштита за широка потрошувачка.
„Длабоко сум почестен што ми е понудена оваа прилика која се дава еднаш во животот, да водам толку едноставна компанија со трансформативна мисија на болестите“, изјавил Барон.
Во оваа потрага за бесмртност ангажирани се и двајца добитници на Нобелова награда: Шинја Јаманака и Џенифер Дудна.











