Индекс на перцепција на корупција: Данска, Финска и Нов Зеланд на прво, Македонија на 87 место

Данска и годинава е најдобро рангирана во светот според Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021, објавен денеска од Транспаренси Интернешнл (ТИ). Со ист број бодови (88) првото место го дели со Финска и Нов Зеланд.

Најлошо рангирана земја, според перцепцијата на корупција е Јужен Судан со 11 поени, два помалку од Сирија и Сомалија.

Северна Македонија е рангирана на 87. место на листата на „Транспаренси интернешнл“, според Индексот за перцепција на корупција за 2021 година. Ова е скок за 24 места во споредба со минатата година, кога земјава беше рангирана на 111. место.

Индексот на перцепција на корупција рангира 180 земји и територии во светот според нивото на корупција во јавниот сектор, а резултатите покажуваат скала од нула, што значи висока корупција до 100 кога станува збор за многу чиста земја или територија во однос на корупцијата.