Bentley Motors планира да инвестира 2,5 милијарди фунти (околу 3,4 милијарди долари) во следните 10 години во производство на луксузни целосно електрични автомобили, објави денеска британскиот производител на возила со традиција од 102 години.

Инвестицијата ќе вклучува истражување и развој и значајна модернизација на историскиот фабрички кампус на Bentley во Кроу (Англија) до 2032 година, се вели во соопштението на компанијата, пренесува CNBC.
Првото електрично возило Bentley би требало да излезе од производствената лента во 2025 година, се прецизира во соопштението.