ММФ го повика Ел Салвадор да го промени својот курс и да престане да го користи Биткоин како законско средство за плаќање, наведувајќи ги „големите ризици“ што ги носи криптовалутата.
Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, во петокот твитна дека неговата земја штотуку купила 410 БТК за 15 милиони долари. Плаќајќи околу 36.585 долари по монета, Букеле напиша: „Некои момци се продаваат навистина евтино“.
Во истиот твит, Букеле исто така изјави дека сепак не го пропуштил падот. „Не, згрешив, не го пропуштив“, напиша салвадорскиот претседател како одговор на неговиот твит на 14 јануари во кој пишува: „Мислам дека овој пат можеби го пропуштив падот“.
Инаку, Ел Салвадор, единствената земја во светот каде биткоинот (заедно со американскиот долар) е официјална валута, планира да изгради цел град врз основа на таа криптовалута.
Bitcoin City ќе се наоѓа во заливот Фонсека, недалеку од вулканот. Владата планира да изгради електрана во подножјето на вулканот, која ќе се напојува од геотермални извори и ќе го снабдува со енергија град и ќе го “рудари“ биткоинот, рече претседателот.
Според Букеле, Bitcoin City ќе биде вистински град со станбени и трговски квартови, ресторани, аеродром и железничка станица. Градот ќе биде изграден во облик на круг (како монети), а на централниот плоштад ќе биде прикажан голем биткоин симбол.