Основачот на Tesla, Илон Маск е познат по тоа што обожава преку социјалната мрежа Твитер, често да ги „провоцира“ другите со своите коментари.
Овој пат, Маск со својот твит од 25 јануари практично го „предизвика“ познатиот ресторан за брза храна, Мекдоналдс. Ќе јадам Happy Meal на телевизија, ако Мекдоналдс прифати доџкоин“, напиша Маск.
Под „прифати“, Маск мисли на тоа познатиот синџир да ја признае криптовалутата како средство за плаќање.
Неодамна, ко-основачот на доџкоинот, Били Маркус, напиша дека почесто ќе оди во објектите на Мек доколку компанијата го прифати доџкоинот.
Тие одговорија дека им е „драго што Маркус го сподели своето мислење и дека секогаш се отворени за подобрување на начинот на плаќање“.











