Најсилниот телефон на пазарот? Lenovo Legion Y90 доаѓа со 22 GB RAM и 640 GB внатрешна меморија

118

Следниот месец, Lenovo се очекува официјално да го претстави Legion Y90, долгоочекуваниот гејмерски телефон напојуван од овогодинешниот водечки SoC, Snapdragon 8 Gen 1.

Според достапните информации, Legion Y90 ќе биде првиот паметен телефон со 22 GB RAM, од кои 18 GB се всушност физичка меморија, додека 4 GB виртуелни. Уредот на Lenovo може да се пофали и со внатрешна меморија од 640 GB, која е создадена со комбинирање на една од 512 GB и една од 128 GB, така што сигурно нема да има недостаток на простор за видео игри.

Понатаму, Legion Y90 ќе има голем 6,92-инчен Samsung AMOLED со стапка на освежување од 144 Hz и стапка на одговор од 720 Hz, што ќе ги воодушеви гејмерите. Назад се наоѓа OmniVision сензор за камера од 64 MP, поврзана со уште 16 MP, додека за селфи или видео повиците ќе биде задолжена предната камера од 44 MP.

Според Gizmochina, Legion Y90 доаѓа и со батерија од 5.600 mAh и поддршка за брзо полнење од 68 W. Меѓу другите карактеристики, уредот има и двојни вентилатори за ладење, како и шест наменски копчиња за играње видео игри.