Ракета на SpaceX остана без гориво, ќе падне на Месечината

132

Се очекува дел од ракета на SpaceX да падне на Месечината на почетокот на март, според пресметките на научниците од американската вселенска агенција НАСА.

Научниците внимателно ја следат траекторијата на втората фаза на Falcon 9, изјави портпаролот на НАСА за ДПА во четвртокот.

Ракетата првично полета од Кејп Канаверал во 2015 година носејќи ја климатската опсерваторија Deep Space, сателит за набљудување.

Сепак, оттогаш остана во вселената и нема доволно гориво за да се врати на Земјата.

Ако остане на својата сегашна орбита, ќе падне на темната страна на Месечината на 4 март, соопшти НАСА.

SpaceX, приватна компанија во сопственост на милијардерот на Tesla, Елон Маск, која транспортираше материјал и екипаж во вселената, не одговори.

НАСА соопшти дека нема да може да го набљудува ударот на ракета од четири тони од нејзиниот лунарен извидувачки орбитер, но научниците ќе следат дали и како судирот ќе влијае на Месечината и дали може да се види кратер по падот.

Baraweto на кратерот ќе биде голем предизвик и може да потрае со недели или месеци, рече портпаролот, опишувајќи го судирот како единствен феномен што „претставува возбудлива можност за истражување“.

Проучувањето на кратерот кој го формирал летечкиот објект со позната маса и брзина (ќе патува со 9.000 километри на час), како и составот на материјалот, може да помогне во унапредувањето на научното проучување на Месечината.

Вселенски летала веќе намерно паднаа нa Месечината за научни цели, како што беше случај за време на мисијата за тестирање на сеизмометарот Apollo.

Астрономот Бил Греј, креаторот на компјутерска програма што се користи за одредување на орбитите на астероидите и другите објекти, беше првиот што пресмета нова насока на Месечината.

Тој смета дека вселенскиот отпад секогаш треба да биде насочен кон Месечината кога е можно.

„Ако удри во Месечината, тогаш всушност учиме нешто од него“, рече Греј.