Цените на нафтата на светскиот пазар паѓаат, поради шпекулациите дека ОПЕК и нивните сојузници би можеле да го зголемат дневното производство на нафта повеќе од очекуваното.
Аналитичарите изразија очекување дека ОПЕК и нивните сојузници на утрешната средба ќе ја задржат политиката на постепено зголемување на дневното производство.
Во Лондон цената на суровата нафта од типот Брент од Северното Море беше пониска за 51 цент или 0,6 отсто и сега изнесува 88,75 долари за барел.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 63 центи или 0,7 отсто на 87,52 долари за барел.
Аналитичарите предвидуваат и зголемување на залихите на сурова нафта во САД.











