Ново спојување ќе развива 5G за Индустрија 4.0

222

Здружението ГСМ (GSMA) и 5G Алијансата за поврзана индустрија и автоматизација (5G-ACIA) ќе соработуваат поблиску за да ја развијат индустриската примена на 5G технологијата во областа на т.н. интелигентно производство.

Двете организации потпишаа меморандум за разбирање за „промовирање и развој на заедничко разбирање“ во однос на размислувањата за распоредување на 5G индустриски технологии, вклучувајќи мрежи, уреди, апликации, инфраструктури и модели за распоредување, соопшти Enterprise IoT Insights.

Во пракса, тоа значи дека 5G-ACIA, чија мисија е да ги застапува индустриските интереси во развојот на 5G, ќе биде вклучена во проектот GSMA за 5G IoT во производството. Проектот ги прокламира истите цели – „да се стимулира глобалното усвојување на 5G IoT во преработувачката индустрија и во индустрискиот сектор како целина“.

Целта е да се осигура дека 5G технологијата ќе ја најде својата примена и ќе ја забрза транзицијата кон Индустрија 4.0 што е можно подобро. Во оваа област, целите на двете организации се совпаѓаат.

GSMA сподели дека нејзината заедница и Форумот за 5G во производството имаат за цел да „идентификуваат предизвици и можности за производителите, да идентификуваат како 5G IoT може да се справи со нив и да го поттикне споделувањето на најдобрите практики. Ова ќе покаже како 5G IoT во индустријата може да има корист за производствената индустрија.

„5G е клучна технологија за понатамошен развој на производствениот сектор и ќе ја однесе Индустријата 4.0 на следното ниво“, рече Андреас Милер, извршен директор на 5G-ACIA.
„Обезбедува невидени нивоа на флексибилност, продуктивност, ефикасност и леснотија на користење. Предуслов за успешна имплементација во производството е многу блиската соработка помеѓу засегнатите страни и екосистемите, кои претходно беа поделени“, истакнува тој.

„Оваа соработка ќе помогне да се унапреди 5G во производството и индустриската автоматизација“, рече пак Алекс Синклер, главен директор за технологија во GSMA.

„Ќе ги редефинира придобивките од партнерството со мобилните оператори за апликации за производство на 5G IoT. Нашата цел е да привлечеме доверливи, стратешки партнери за подобар квалитет на производството, флексибилност, ефикасност и одржливост [и да им овозможиме] на нашите членови тесно да соработуваат со 5G-ACIA“, додаде Синклер.