Компанијата им дава 5.000 евра на работниците кои се вакцинирани

Германска компанија која се занимава со производство на канцелариска опрема, им исплатила премија од 5.000 евра на вработените кои биле вакцинирани, пренесува Bankar.me.

Откако е понудена премијата, стапката на вакцинација е зголемена за цели 30 отсто.

Кога започна акцијата во ноември минатата година, беа вакцинирани 60 отсто од околу 550 вработени, а кога акцијата заврши на 14 јануари стапката на вакцинација достигна ниво од 88 отсто.

Акцијата ја чинеше компанијата вкупно 2,5 милиони евра.

„Тоа е стапката што сакавме да ја достигнеме“, рече директорот на компанијата Данило Фразиак.

Тој нагласи дека акцијата е инвестиција во здравјето на вработените.

Тоа го покажа и бројот на заболени – во ноември дневно имало и до десет случаи на заболени поради инфекција со коронавирус, а во последните шест недели немало ниту еден случај.