Ферари очекува уште поголем профит по рекордните испораки минатата година

161

Производителот на спортски автомобили Ферари изјави дека неговиот главен профит ќе се зголеми оваа година, пренесe Ројтерс. Италијанската компанија забележа многу силни финансиски резултати во 2021 година со рекордни испораки од 11.155 автомобили.

Ферари очекува заработка од 1,65-1,70 милијарди евра оваа година пред EBITDA (заработка пред камата, даноци, депрецијација и амортизација), во споредба со 1,53 милијарди евра во 2021 година.

Минатогодишниот резултат беше во согласност со прогнозата на компанијата од околу 1,52 милијарди евра профит.

Ферари во 2019 година за прв пат продаде над 10.000 суперавтомобили, поточно – 10.131 автомобил со оперативна маржа од 23,2 отсто. Тоа значи дека автомобилскиот гигант од секој продаден автомобил заработил околу 86.369 евра.

Во однос на електрификацијата, компанијата ја разгледува можноста да започне со производство на целосно електрични возила, а првиот ваков автомобил се очекува да биде претставен во 2025 година.

Според автомобилските експерти, Ферари постигнува импресивни маржи со имплементирање на нови технологии, прилагодување на промените на пазарот и маркетинг стратегии.