
Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје на денешната седница (19 ноември 2026 година) донесе одлука за учество на банката на претстојната јавна берзанска аукција за продажба на обични акции издадени од Алта банка АД Битола, соопштија од банката преку Македонската берза.
Станува збор за акции кои ќе бидат понудени на продажба преку Македонската берза на хартии од вредност по пат на јавни берзански аукции, согласно објавата публикувана на 16 ноември 2026 година во „Службен весник“ (бр. 267/26).
Информацијата е објавена како ценовно чувствителна согласно Правилата за котација на Берзата.











