Samsung, Apple, Xiaomi? Кој производител продаде најмногу во Европа во 2021 година?

255

2021 година беше исклучително интересна година за европскиот пазар на мобилни телефони. На почетокот, имаше знаци дека пазарот ќе закрепне по тешката 2020 година. Но, КОВИД-19 продолжи да има значително влијание, а откако неизвесноста стивна, се појави уште еден проблем: недостигот на компоненти. Така, закрепнувањето во 2021 година беше само делумно, според Counterpoint Research.

Пазарот порасна за 8 проценти во текот на изминатата година, но не успеа да го надомести падот од 14 проценти од 2020 година.

Минатата година беше интересна и од друга причина: лидерот на пазарот се смени четири пати.

Благодарение на своите први 5G модели, објавени во есента 2020 година, Apple силно ја започна 2021 година и зазеде водечки пазарен удел од 34 проценти. Во февруари, Samsung го објави својот S21, при што корејскиот производител забележа раст на продажбата од 24 отсто во споредба со јануари и се врати на првата позиција. Сепак, од мај наваму, Samsung почна да доживува проблеми со затворањето на погоните поврзани со КОВИД-19 во Виетнам.

Од своја страна, ова ја отвори вратата за Xiaomi и во јуни кинеската компанија за прв пат успеа да се искачи на првото место во Европа. Водството беше краткотрајно откако Samsung ја врати круната благодарение на силната продажба модели од серијата А и го зголеми своето водство по лансирањето на Galaxy Z.

Во ноември 2021 година, имаше уште една промена: iPhone 13 му помогна на Apple да го преземе водството во последните два месеци од годината. И во декември, компанијата го забележа својот најголем пазарен удел во Европа во историјата.

И покрај тешкотиите во текот на годината, кои вклучуваат и недостиг на компоненти, Xiaomi забележа импресивен раст од 50 проценти.

Уште три кинески компании стануваат уште посилни – Oppo, Vivo и Realme.

Во исто време, Huawei објави пад од 90 проценти и има само 1 процент удел.