Toshiba се дели на две наместо на три компании

Јапонската компанија „Тошиба“ објави дека сега има за цел да се подели на две наместо на три компании.

Според новото реструктуирање, Тошиба ќе го раздвои својот бизнис само со уреди, вклучително и единици за напојување на компјутери и флеш меморија. Претходниот план за поделба на три компании вклучуваше една за енергија и инфраструктура, друга за уреди и трета за меморија и напојување, според Ројтерс.

Toshiba, исто така, има намера да го зголеми приносот на акционерите до 300 милијарди јени (2,6 милијарди долари) во следните две години, три пати повеќе од претходната цел од 100 милијарди јени. Акциите на индустрискиот конгломерат поскапеа за 1,6 отсто по објавувањето на оваа вест.

Во соопштението се објаснува дека новиот план за реструктуирање е поедноставен, за да се заштедат трошоци и да се олесни остварувањето на сојузи со стратешките партнери. „Не го сменивме планот за да избегнеме конфронтација со акционерите“, рече извршниот директор Сатоши Кунакава во своето обраќање.