Twitter започна со тестирање на опцијата „dislike“

Twitter започна со тестирање на опцијата „dislike“. Тие ја тестираа оваа опција пред се на мала група корисници во јули 2021 година, а добиените позитивни повратни информации резултираа за правење на последниот тест, на поголем примерок опсег на корисници.

Twitter објави дека бројот на „дислајкови“ нема да биде достапен за јавноста и дека овој број ќе биде видлив само за корисникот кој твитнал, што е исто како на Youtube со дислајкови на видео клиповите.

Според нивните податоци, корисниците најчесто „не им се допаѓаат“ на нешто што не сакаат да го видат, како и навредливи одговори.

Потсетуваме дека Reddit ја има оваа опција од 2005 година, Youtube од почетокот, додека другите социјални мрежи ја немаат оваа опција.