Американскиот интернет гигант Google е тужен од скандинавскиот давател на услуги за споредба на цените PriceRunner за околу 22 милијарди круни (2,4 милијарди долари) пред Судот за патенти во Стокхолм, пишува Bloomberg.
Случајот следи по пресудата на Европскиот суд на правдата дека Google ги прекршил антимонополските закони со манипулирање со резултатите од пребарувањето во корист на сопствените услуги за споредба на купување, се вели во соопштението на PriceRunner испратено по е-пошта.
„Тоа е исто така прашање на опстанок за многу европски претприемачки компании и можности за работа во технологијата“, рече Мајкл Линдал, извршен директор на PriceRunner.
Портпаролката на Google, Емили Кларк, изјави за Bloomberg дека компанијата очекува да се брани пред суд.
„PriceRunner избра да не користи реклами за купување на Google, па можеби не беше толку успешен како другите“, рече Кларк.
PriceRunner со седиште во Стокхолм, кој се согласи да биде купен од Klarna Bank, очекува конечната отштета што ја наведува во тужбата да биде „значително поголема“ откако прекршувањата продолжуваатдо ден денес.
Во јануари, американскиот технолошки гигант соопшти дека поднел жалба против пресудата на Европскиот суд на правдата „бидејќи веруваат дека има области кои бараат правно појаснување“ од страна на највисоките судии на блокот.