Светската туристичка организација (UNWTO) го поддржа повикот на Светската здравствена организација за укинување или барем ублажување на патните ограничувања со цел туризмот да се опорави од лошите ефекти на пандемијата..
Дополнително, мерките што се применуваат за меѓународните патници, како што се тестирање, изолација и карантин и вакцинација, треба да се засноваат на реални проценки на ризик и избегнување на финансиски товар на патниците.
Според извештајот на Обединетите нации за светската економска состојба и перспективите за 2022 година, се наведува дека закрепнувањето од последиците од пандемијата е нерамномерно и кревко, па затоа основен императив е рестартирање на туристичката индустрија.
UNWTO се согласува со новите упатства на СЗО, нагласувајќи ја неефективноста на општите ограничувања за патување, а исто така ги поддржува нивните препораки против користењето на статусот на вакцинација како единствен услов за движење на туристи, особено кога стапките на вакцинација се толку нееднакви.











