Расте учеството на електричните автомобили во светот. Прашање е сега како ќе ги полниме. Компанијата за електрични автомобили Tesla веќе дозволува полнење на други видови електрични автомобили на некои од нејзините станици за полнење, на пример. Но, ќе бидат потребни многу повеќе инвестиции за да се има потребната инфраструктура за полнење на електричните автомобили.
Пазарот за инфраструктура за полнење електрични возила се очекува да достигне повеќе од 207,5 милијарди долари до 2030 година, според Guidehouse Insights, што значи дека ќе се појават нови технологии и компании.
Возачите не се единствените кои се соочуваат со предизвици кога станува збор за полнење на електрични автомобили. Ваква инфраструктура им е потребна и на компаниите кои го менуваат возниот парк. Некои од планираните новини нема да бидат достапни со години.
Многу компании работат на решавање на проблемот со полнењето. Досега во инфраструктурата доминираа поголеми играчи како ChargePoint и EVgo, но веќе се појавуваат нови стартапи како Spark Charge и Blink, кои сигурно ќе ги предизвикаат постарите играчи во иднина.
Километрите кои можат да се поминат со едно полнење наскоро ќе станат проблем од минатото. Повеќето електрични автомобили можат да поминат 350-400 км. со едно полнење и експертите велат дека тоа е повеќе од доволно, пишува Business Insider.
Она за што се уште ги загрижува возачите е пристапот до станиците за полнење, особено на места каде зголемувањето на мрежата на станици за полнење не е приоритет.