Приходите на Харли-Дејвидсон се зголемени за 40% поради зголемената побарувачка за мотори

Харли-Дејвидсон објави дека забележал скок на приходите од 40 отсто во четвртиот квартал од 2021 година, бидејќи побарувачката за неговите поскапи модели на мотори се зголемила.

Приходите од продажба во последните три месеци од минатата година изнесуваат 1,02 милијарди долари, наспроти 725 милиони долари во истиот период во 2020 година, пренесува Ројтерс.

Ова е четврти последователен квартал како Харли бележи раст на продажбата.

Нето добивката на компанијата порасна на 21,6 милиони долари, или 14 центи по акција во кварталот, во споредба со загубата од 96,4 милиони долари или 63 центи по акција една година порано.