McDonald’s регистрира 10 трговски марки во виртуелниот простор

120

McDonald’s поднел барање за регистрација на 10 трговски марки во виртуелниот простор, објавија светските медиуми, повикувајќи се на објава во Twitter на Џош Гербен – адвокат за трговски марки и основач на Gerben Intellectual Property.

Тој тврди дека на 4 февруари компанијата аплицирала за трговска марка, вклучувајќи планови за „виртуелен ресторан со реални и виртуелни добра“, како и „виртуелен ресторан со достава до дома“ и за брендови да работат во областа на забавата“.

Врз основа на апликацијата, синџирот ресторани ќе може да обезбеди „мултимедијални преземања“, аудио и видео датотеки, како и незаменливи токени (NFT).

„Со доаѓањето на новите технологии, вообичаено е компаниите да поднесуваат нови трговски марки за да се осигураат дека заштитата е јасна за новите стоки и услуги што планираат да ги понудат. Така, од практична гледна точка, постоечките трговски марки на McDonald’s би спречиле било кој да отвори McDonald’s во метаверзумот“, напиша адвокатот.

Влегувањето на различни компании во метаверзумот веќе не е нешто ново. Интерес за продажба на своите производи во виртуелниот простор покажаа и брендови како Adidas, Prada и Gap.