Меѓу најдолговечните имиња во автомобилската индустрија се бројни модели кои потекнуваат од Европа, а многу од нив се произведуваат и денес.
Најстариот модел кој и натаму се произведува под своето оригинално име дебитирал во далечната 1935-та година.
Авто-индустријата е богата со модели кои оставиле длабока трага во историјата и кои се продале во десетина милиони примероци.
Од денешна перспектива, кога произведувачите на автомобили често се одлучуваат за промена на имињата на моделите, пред се од маркетиншки причини, делува необично дека некои возила сè уште ја носат истата ознака повеќе од осум децении.
Најдолготрајниот модел во автомобилската индустрија доаѓа од Америка. Станува збор за Suburban на Chevrolet, модел кој континуирано се произведува од 1935 година. Suburban е нешто помалку познат кај нас, а го среќаваме само меѓу љубителите на американските возила, за кои Suburban е еден од начините да се добие огромно возило со V8 мотор, пишува Index.hr.

Следен на листата повторно е Американец. Доаѓа од Ford, а тоа е серијата F, која до сега доживеала дури 14 генерации. Доволно е да се каже дека ова е најпродаваниот модел во Америка со децении.
На третото место е европска класика. Станува збор за Volkswagen Transporter, име кое остана во производство повеќе од седум децении.
Кога станува збор за Европа, Mercedes S-Class име кое е присутно во автомобилската индустрија од 1954 година.
На листата на најдолговечни европски имиња се и Mini (од 1959 година), Porsche 911 (од 1963 година), Jaguar XJ (од 1968 година), Range Rover (од 1970 година), VW Passat (од 1972 година) и VW Golf (од 1974 година).











