Светска банка ги пресели своите службеници од Украина

Светска банка привремено ги пресели своите службеници од Украина и ја прекина работата на своите мисии во оваа земја поради тензиите на границата меѓу Русија и Украина. Сепак, според внатрешните документи до кои Ројтерс имал пристап, ќе продолжи да ги финансира операциите.

Тие рекоа дека внимателно ја следат ситуацијата на границата меѓу Украина и Русија.

„Приоритет на Светска банка е безбедноста на нашиот персонал и нивните семејства. Во согласност со нашата политика за евакуација, во тек е привремено преместување и зајакнување на безбедносните мерки“, се вели во внатрешниот документ.

Детали за бројот на вработени и каде ќе бидат сместени не се наведуваат.

Досега голем број земји ги повлекоа своите вработени од амбасадите, а беа издадени препораки да не се патува во Украина, како и апел да ја напуштат Украина доколку веќе се таму.