Гленкор го продава својот удел во Руснефт, со што стави крај на дведецениските инвестиции што и овозможија на англо-швајцарската компанија да тргува со милиони барели нафта од оваа руска групација.
Продажбата, која трае со години откако Гленкор го смени врвниот менаџмент, беше објавена во декември 2021 година и ќе биде завршена во првата половина на 2022 година, бидејќи регулаторните одобренија се во тек, соопшти компанијата, пренесе Ројтерс.
Времето на продажбата, според британската агенција, „се совпаѓа со најголемите тензии меѓу Москва и Западот од крајот на Студената војна, поради што некои западни компании се обидуваат да ја намалат изложеноста на ризик на руските средства“.
Гленкор не ја наведе причината за отуѓувањето на сопственичкиот удел и не го откри купувачот или вредноста на трансакцијата.











