Товарниот брод Felicity Ace испратил SOS повик од Атлантскиот Океан, а португалската морнарица и грчкиот танкер Resilient Warrior веднаш дошле во помош и спасиле 22 членови на екипажот.
Felicity Ace на патување од Емден, Германија, тргнал на 10 февруари и во САД требало да пристигне на 23 февруари. Бродот за превоз на автомобили кој плови под знамето на Панама може да собере речиси 4.000 возила, а на пат тргнал со сè уште неидентификуван број на Porsche и други Volkswagen автомобили.
Felicity Ace е брод за транспорт на автомобили изграден во 2005 година. Има носивост од 17.738 тони и може да носи речиси 4.000 автомобили.