Тестирањето започна: Google воведува иновации во својот пребарувач

137

Google започна со тестирање на нова верзија на изгледот на својот пребарувач за компјутери. Промената не е радикална, но може да биде корисна за многумина и делумно потсетува на опцијата Discover од мобилните уреди. За корисниците кои се дел од овој тест, опцијата за прикажување виџети или специјални јазичиња се појави на пребарувачот на Google.

Тие се наоѓаат на дното на екранот и се прилично ненаметливи за да не го нарушат премногу „чистото“ искуство на главната страница на Google. Табовите се базираат на сите податоци што Google ги собрал за вас, односно на активностите на корисниците, што значи дека тие треба да им покажат важни и корисни информации. За оние на кои не им требаат такви информации, на главната страница на пребарувачот има копче кое треба да се кликне за да се отстранат графичките контроли.

Првиот таб на екранот дава информации за времето и температурата, а кога стрелката на глувчето е поставена над ознаката, се прикажува и временската прогноза за следните 3 дена. Вториот таб содржи информации за трендовите, односно важни вести за корисникот, проследено со таб со предлози за популарни филмови и серии, информации за берзите, петтиот додаток се однесува на локални настани, додека последниот таб прикажува вести за новиот коронавирус.

Со кликнување на овие виџети се отвораат нови информации или резултати од пребарување за тие информации.

Оваа опција моментално се тестира меѓу некои корисници на популарниот пребарувач, а во зависност од резултатите од тестот, Google во иднина би можел да ги направи овие виџети достапни за сите корисници.