Маск твитна на кирилица

Извршниот директор на Tesla и еден од најпознатите и најконтроверзни милијардери во светот, Елон Маск, твитна на кирилица и така го полуде интернетот со разни теории.

Како одговор на тој твит, тој дополнително ги збуни луѓето пишувајќи „tau> pi“.

Сепак, очигледно тоа не се индиции дека милијардерот планира посета на Србија или да го покаже своето потекло, како што честопати на интернет кажуваат разни теории на заговор.

Симболот ℏ, кој Маск го напиша на Твитер, значи Планкова константа, која е константа на пропорционалност и ги поврзува енергијата и фреквенцијата на фотоните.

Изгледа дека милијардерот се враќа на своите корени, имајќи предвид дека студирал физика.

Елон студирал физика и бизнис во училиштето Вортон. Иако неговото деловно образование било одлично, милијардерот признава дека дефинитивно повеќе сакал физика.

Што се однесува до пораката „tau> pi“, таа најверојатно е знак за поддршката на милијардерот за растечката заедница на математичари кои веруваат дека Pi треба да се елиминира од математиката, а наместо тоа треба да се користи тау, бидејќи веруваат дека тоа би ја направило математиката поедноставна, полесна и поубава.