Samsung започнува истрага за дефектите во производството на процесори

108

Во последните две години, без разлика дали се работи за процесор од 4 nm или 5 nm, Samsung се соочува со огромни проблеми во однос на перформансите и процентот на дефекти во производството. Samsung досега инвестираше многу пари и конечно не го реши овој проблем, но ситуацијата со процентот на неисправни производи не е многу подобрена.
Ваквата состојба сериозно ја наруши деловната хармонија во оваа компанија и се одрази на опаѓање на можноста за испорака на веќе нарачани количини, како и дополнително продолжување на роковите кои постојано доцнат.

Со оглед на долгорочните проблеми, менаџментот на Samsugn Electronics не може да си дозволи луксуз на нерешени ситуации и да седи со скрстени раце, па решија да спроведат детална истрага за проблемот со високиот процент на дефекти во производството на процесори, фокусирајќи се на поранешните и сегашните раководители на релевантните сектори, вклучително и информации за тоа дали фалсификувале внатрешни извештаи за степенот на дефекти во производството и дали парите наменети за подобрување на производствениот процес биле искористени на правилен начин.

Претходно Samsung најави дека ќе воведе нова, GAAFET технологија за изработка на 3D транзистори со помош 3-nm процеси, а масовното производство на првата генерација на 3-nm процесори е планирано во првата половина на 2022 година. Масовното производство на втората генерација е планирано за почетокот на следната година. Сепак, огромните проблеми во производството на чипови од 4 nm и 5 nm ги оставија аналитичарите прилично скептични за способноста на Samsung да ги спроведе овие планови во пракса.

Добро упатени извори од оваа индустрија веруваат дека Samsung ќе ја искористи моменталната ситуација за да ги консолидира операциите на целата групација, додека ги проценува поврзаните финансиски прашања во контекст на лажни извештаи за стапката на поврат и придобивките од понапредните производни процеси. Исто така, некои аналитичари укажуваат на фактот дека производството на полупроводници, по влегувањето во фазата од 5 nm и понапредното производство, станува многу предизвикувачки во насока на понатамошно истражување и развој.

Релевантни извори од Samsung Electronics тврдат дека оваа контрола на менаџментот на компанијата, всушност рутинска операција, како содржината на поврзаните работи и интереси поврзани со ситуацијата моментално да се дискутира и интерно, па затоа е незгодно да се откриваат повеќе детали и информации за јавноста.