Отворање на технолошко-индустриската развојна зона Штип

49

На површина од 208 хектари, денес ќе биде отворена технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Штип.

Развојната зона се наоѓа северозападно од Штип, веднаш до индустриската зона на градот. Поврзана е со Скопје и Кочани преку магистралниот пат М5, а ќе биде поврзана и со планираниот карго аеродром во Штип преку магистралниот пат М6.

Најблискиот меѓународен аеродром е Александар Велики, на 75 километри од локацијата, додека железничката станица Штип е на само 2,5 километри од зоната.

Како што истакнуваат од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, освен ТИРЗ во Скопје (1 и 2), Штип и Тетово, планирани се технолошки индустриски развојни и во Прилеп, Гевгелија, Кичево, Струмица, Ранковце, Струга и Радовиш.